Физичка пресметка во маркет е пријавена вчера во 10.40 часот во Полициската станица Неготино, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

-Дваесет и седумгодишник од Демир Капија пријавил дека во маркет во Неготино, по вербална расправија со едно лице, настанала физичка пресметка пoмеѓу нив, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2021 15:52