Ноќеска околу 1.40 часот на ул.„Ѓорче Петров“, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров, ги лишија од слобода Д.Д.(20) и С.М.(31), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека непосредно пред тоа извршиле кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров.

Притоа, во нивна близина биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба вчера околу 15.30 часот во круг на фирма на подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода се Е.А.(29) и Л.А.(23), двајцата од Скопје.

Постапувајќи по пријава, тие биле фатени веднаш по извршено кривично дело тешка кражба во деловниот субјект и кај нив се најдени украдените предмети, кои се одземени и вратени на сопственикот.

Двете лица се приведени и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, по документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.236.ст.1.од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2021 00:45