Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се две мерки за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 15 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2021 12:09