Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север – Полициска станица за граничен надзор Сопот вчера во 23:15 часот кај бензинска станица во село Лојане, Општина Липково го лишиле од слобода Б.Н.(22) од село Блаце, скопско.

Како што информира МВР, при преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал, бил пронајден пиштол „М57“ со една рамка со пет куршуми калибар 7,62 мм, за кој не поседувал дозвола.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2021 14:56