Со физичка пресметка во центарот на Неготино бил нарушен јавниот ред и мир, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

-Вчера во 14.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на плоштадот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу четири лица на возраст од 47, 49, 29 и 39 години, од една страна и две лица на возраст од 38 и 54 години, од друга страна, сите од неготинското село Пепелиште, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2021 16:35