Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни годинава се повисоки за 5,6 отсто на месечно ниво и за 60,9 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, увозните цени кај бензинот се повисоки за 4,5 на месечно и за 64,1 отсто на годишно ниво, а кај дизелот за 6,1 на месечно и за 60,6 отсто на годишно ниво.
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.