Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден (10.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на целата држава денеска беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 204 мерки, меѓу кои 169 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 17 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, 9 за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, 6 за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците.

За време на контролата регистрирани се и 120 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2021 22:52