Од полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Аеродром, Драчево, денеска во полициска станица биле повикани двајца малолетници, поради основано сомнение дека заедно со други две малолетни лица, сите од Скопје, извршиле кривично дело „разбојничка кражба“.

Како што посочуваат од МВР; на 4 август 2021 околу 21:30 часот, во близина на сендвичарница, тројца од нив физички нападнале малолетно лице, а четвртиот малолетник со употреба на сила одзел пари.

Во присуство на родителите е извршен службен разговор со двете повикани лица, при што го појасниле настанот во целост.

По насока на Јавен обвинител за малолетници од ОЈО Скопје, по комплетно документирање на случајот против четирите лица ќе биде поднесена пријава согласно чл.238 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2021 03:15