Опожарен бил камион попладнево кај тунелот пред Демир Капија, кога се оди од Удово кон Скопје. Очевидци за МИА рекоа дека со навремена интервенција на неготинските пожарникари, била избегната поголема штета, бидејќи камионот бил полн со роба.

Тие додадоа дека биле спасени и камионот и робата.

Од Територијалната противпожарна единица Неготино го потврдија случајот за МИА.

– БЕШЕ ПРИЈАВЕНО ДЕКА НА КАМИОН МУ СЕ ЗАПАЛИЛЕ ГУМИТЕ, КОГА КОЧЕЛ, ПА ПАРКИРАЛ. ПОЖАРНИКАРИ ИНТЕРВЕНИРАА НА ЛИЦЕ МЕСТО, НАВРЕМЕНАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА СПРЕЧИ ПОГОЛЕМА ШТЕТА, РЕКОА ОД ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2021 03:35