На 10.08.2021 во 15.45 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода М.Ј.(35) од Скопје.
Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во обид во фирма и бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.