Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 26 прекршоци што ги чинат пешаците, 15 за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет за возач почетник, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 36 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2021 13:08