На 11.08.2021 во 11.25 часот во с.Орешани, скопско, оперативен тим за потраги од СВР Скопје , врз основа на распишана централна потерница и судска наредба, го лиши од слобода И.А.(50) од с.Миладиновци, општина Илинден, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.