На 10.08.2021 во 23:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект во скопско Дебар Маало, со физичка пресметка помеѓу М.С.(35) од с.Бардовци, скопско, Д.А.(36), Е.Д.(36), Б.Т.(36) и В.К.(36), сите од Скопје, од една страна и С.Б.(31), А.Р.(31), двајцата од Скопје и уште две лица, од друга страна.
Според пријавеното, притоа биле користени тврди и стаклени предмети, а со повреди се здобиле С.Б., А.Р., М.С. и Д.А.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.