Во текот на денешниот ден (11.08.2021) година на порталот СДК беше објавен текст со наслов „ВО КАФЕАНА ВО ДЕБАР МААЛО НАПАДНАТ ДИРЕКТОРОТ НА ПОЦ ВАСКО КИЧЕВСКИ, ВО ГРУПНА ТЕПАЧКА СО СТАКЛО ПОВРЕДЕНИ И ГОСТИ“ во кој беа наведини неточни информации кој го рушат мојот углед и угледот на претпријатието со кое управувам.

Би сакал најострого да ја демантирам оваа информација за било каква инволвираност од моја страна во вчерашиот инцидент кој се случи во ресторанот Дебар Мало.

Имено, сакам да ја информирам јавноста дека јас не учествував во инцидентот иако се случи на масата на која што седев. Двајца за мене непознати лица дојдоа во ресторанот и ги нападнаа и повредија моите пријатели. За овој инцидент има и видео запис како доказ на кој јасно се гледа дека јас бев само сведок на немилиот настан.

Барам извинување од порталот СДК и корегирање на текстот бидејќи ниту бев нападнат ниту учествував во инцидентот.

Инцидентот е веќе пријавен во МВР и во наредните денови ќе се расчисти случајот и правдата ќе биде задоволена.

Васко Кичевски



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2021 22:11