Полицијата ќе поднесе соодветни пријави за четири лица од Гостиварско кои ја напуштиле земјава, а имале решенија за самоизолација поради позитивни резултати на ковид тест.

Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден (10.8.2021), при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во Гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на ковид-19, не била дома и дека ја напуштила државата.

Во контролите утврдено е дека Х.С.(32) од гостиварското село Корито, кој имал позитивен тест на ковид-19, не бил дома и ја напуштил државата. Полициските служебеници утврдиле уште дека В.Ш.(52) од истото село, позитивна на ковид-19, ја напуштила државата и А.Ш.(22) позитивен на ковид-19, ја напуштил државата.

Од СВР Тетово најавуваат дека по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2021 04:25