На почетокот на редовниот состанок на привремената бугарска Влада, премиерот Стефан Јанев ја коментираше сложената ситуација во земјата.

Јанев, пренесува дописникот на МИА од Софија, смета дека во бугарскиот политички живот има тешко предвидлива ситуација, што е сложена и за експертите. Тој изрази загриженост дека оваа ситуација може да има негативно влијание врз стабилноста во Бугарија.

-Сето ова води кон нестабилност и непредвидливост во политичкото опкружување, коментираше Стефан Јанев.

Истовремено, тој ги повика пратениците да одвојат време да расправаат за потребата од донесување на буџетот.

-Без актуализираниот буџет во следните месеци ќе биде многу тешко и за претстојната здравствена криза и за преземање на мерките на државата неопходни за бизнисот, како и за социјалниот систем, смета Јанев.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2021 12:21