Жител на гостиварско Форино пријавил измама откако не добил сертификат за познавање странски јазик, за кој претходно на едно лице му дал половина од договорениот износ.
Според СВР Тетово, вчера во Полициската станица Гостивар Н.Е.(44) од гостиварско Форино пријавил дека бил измамен од М.И. од Чегране.
Според пријавеното, тие се договориле М.И. да му обезбеди потврда за познавање германски јазик-А1, а за услугата Н.Е. да му плати. Како што е пријавено, Н.Е. му дал половина од договорената сума. Во меѓувреме, М.И. не ја обезбедил потврдата во договорениот рок и кога Н.Е. му ги побарал парите назад, пријавениот одбил да ги врати.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.