На 12.08 2021 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, приведен е Р.Т.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори". Имено, врз основа на наредба за претрес на дом, издадена од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Р.Т. во Битола, при што се пронајдени и одземени поголема количина марихуана, едно пакување амфетамин и масло од канабис.
Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Битола, по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.