Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, девет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за возач почетник, 43 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2021 14:14