Во угостителски објект кај Боговиње, на магистралниот пат Тетово – Гостивар, полицијата ноќеска привела седум лица поради сомневање за учество во кривично дело трговија со луѓе. Акцијата била спроведена од полноќ до еден часот.
– Полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на магистралниот пат Гостивар – Тетово, сопственост на Х.А.(32) од тетовското село Боговиње. При контролата во објектот, освен вработените лица, биле затекнати и седум лица, од кои две македонски државјанки, три руски и две српски државјанки. Притоа, седумте лица биле лишени од слобода и спроведени во Полициска станица Тетово, поради основано сомнение за кривично дело согласно член 418-а од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
На разговор во полициската станица бил повикан и сопственикот на објектот, информираат од полицијата.