Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум за возење под дејство на алкохол, три за возење без возачка дозвола, 29 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2021 17:29