На 13.08.2021 поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, во с.Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик.
Во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во с.Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Р.Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од с.Броштица. По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.