Во периодот од 08.08. до 11.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово на подрачјето на Тетово и Гостивар извршиле проверки на лица на кои им е издадено решение за изолација и домашно лекување.
Притоа, било констатирано дека Д. Л. од Косово, со престој во нашата држава, Љ. С. (54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А. Ќ. (37) од Тетово, М. Љ. (49) и А. Х. (20), двајцата од Мала Речица, Б. Х. (35) од тетовски Лисец и М. З. (54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, не биле на местото за изолација, туку ја напуштиле државата. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.