Во Полициската станица Аеродром, вчера во 20:30 часот 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 07.08.2021 била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето телефонски ѝ кажало дека нејзиниот син прегазил малолетик, но доколку му даде одредена сума на пари тој може да помогне да не издржува затворска казна.

Како што е пријавено, тие се договориле и таа му ги дала парите, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2021 04:21