СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р. М. (45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А. К. (36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
На 12.07.2021 Р. M. телефонски му се јавил на оштетениот С. Ф. (31) од Р. Албанија и се преставил како негов роднина од Косово, при што во два наврата го измамил да му испрати 1.000 евра на име на пријавениот А. К..