Две лица се повредени при изградба на објект во селото Чифлик. Случајот е пријавен вчера попладне во СВР Штип, а како што денеска информира МВР, повредени се сопственикот на објектот К.К. (42) и И.Н. (27) од село Облешево.

Двајцата се пренесени во Општата болница во Кочани при што кај И.Н. се констатирани тешки телесни повреди, а кај К.К. полесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани,а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2021 03:21