На територијата на град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера се изречени вкупно 201 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции.

Од МВР денеска информираа дека 53 казни се за возење под дејство на алкохол, 23 за возење без возачка дозвола, а осум за нерегистрирани возила.

Најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2021 00:27