Кривична пријава е поднесена против жена за приложување фалсификувана српска лична карта на Граничниот премин Белановце, соопшти МВР.

– Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.А.(40), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсисификување исправа“, се наведува во соопштението на МВР.

Според МВР, на 02.08.2021 на Граничниот премин Белановце, при влез во Република Северна Македонија, пријавената приложила фалсификувана српска лична карта.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2021 01:30