Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на 7.267 земјоделци им се исплатени 182,3 милиони денари субвенции. Со исплатата се опфатени сточарите кои имаат задржано женско јаре, како и производителите на домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни или индустриски култури.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека апликациите за субвенции се обработуваат со забрзана динамика со цел земјоделците да имаат доволно средства во ек на сезоната и пред почеток на есенската сеидба.
-Паралелно со обработката на апликациите за субвенции тече и подготовката на картичките за „зелена нафта“ со која директно ќе се влијае врз намалуивање на производниот трошок при берба или подготовка на новата реколта, рече Бачовски.