СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице од Неготино и М.С.(28) од Неготино, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „даночно затајување“.

Во јули 2021, пријавените го довеле во заблуда Л.Ј. од Неготино, кој во два наврата на рака дал 500.000 денари за градба на станбена куќа во Неготино, за што претходно склучил писмен договор.

Пријавеното правно лице и изведувачот, односно управителот, не се придржувале кон техничкиот извештај за градежно конструктивен проект на име на индивидуален станбен објект, односно не ги применувал односните компоненти внесени во самиот проект и направил измени, го намалил квалитетот на бетонот, а еден столб воопшто не бил поставил на објектот.

Примените пари пријавениот М.С. не ги уплатил на сметката на правното лице и притоа била одбегната давачка на данок на додадена вредност во висина од 90.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2021 02:08