СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Х.(26), С.Д.(30) и еден малолетник, сите од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“ и против Д.Ј.(33) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „прикривање“.
На 12.06.2021, околу 22.00 часот, за време на забрана за движење, пријавените А.Х., С.Д. и малолетникот извршиле тешка кражба во викенд куќа во Виница, по што украдените предмети му ги продале на Д.Ј..