Ако забележите чести мали оштетувања на релативно нов автомобил, ‘рѓа на лимот или деловите од моторот, или пак зголемена потрошувачка на гориво, тогаш е време да го продадете вашето возило. Ова е советот на Максим Рјазанов, технички директор на една руска мрежа за продажба на автомобили.

Тој за ТАСС ги споредува автомобилите произведени во Кореја, Русија и Кина со возила од САД, Јапонија и Европа. Неговите лично омилени се јапонските автомобилски брендови.

– Понекогаш е посоодветно да го продадете вашиот тригодишен семеен автомобил и да купите друг, половен, стар до 5-7 години. Значи, ако треба да потрошите повеќе од 13 – 14.000 рубљи (10.000 македонски денари), за поправка на автомобил на секои 10.000 километри, поисплатливо е да се купи половен автомобил, кој е постар, но посигурен, вели стручњакот.

Според Рјазанов, во првата година на употреба, масовно произведените автомобили од класата Б и Ц поевтинуваат во просек за 10 отсто, а по три години – за 40 отсто. Ситуацијата со премиум-брендовите е поинаква – тие губат 30 отсто од цената веднаш по купувањето, а по три години – веќе половина од првичната цена.

– Во истовреме, се појавува и нијансата – по пет години работа, таков автомобил со километража не повеќе од 110.000 километри престанува да паѓа во цената и може да се продаде за 95 отсто од (последната) куповна цена, објаснува трговецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2021 19:00