Поднесена е кривична прјава против дебранец кој опустошил дел од боровата шума покрај брегот на Дебарско Езеро, земјиштето го узурпирал и почнал бесправно да гради.

– Дебарското одделение за внатрешн работи поднесе кривична против Ф.К.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „бесправно градење“ и „пустошење шуми“. Тој, во текот на годинава, на локации на брегот на Дебарското езеро во државна сопственост, бесправно пресекол 200 стебла борова шума и неовластено изградил три објекти од тврд материјал, информраше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него Ф.К. се стекнал со противправна имотна корист од 241.100 денари.

Делот со борова шума е еден од најубавите делови покрај езерото, што во доброволни акции ја засадија дебарски гимназијалци пред неколку децении.

Опустошувањето на боровите насади создава револт кај дебрани, посебно кај повозрасните кои засадувале.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2021 04:32