ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц.(50) од Свети Николе, вработен во МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во периодот од 2020 до 30.07.2021, неовластено се занимавал со давање на пари на заем, како и на потрошни предмети на одложено плаќање, искористувајќи ја социо-економската положба на оштетените, при што се стекнал со имотна корист од 539.800 денари.

При претреси во три објекти, сопственост на О.Ц., извршени со судска наредба биле пронајдени и одземени патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2021 05:24