На 17.08.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Џ.Р.(36) од Германија, со моментален престој во Скопје, пријавил дека неговата ќерка Р.Р.(15) се оддалечила од домот со С.Н., со кого била во љубовна врска.

Според пријавеното, таа најверојатно заминала во Куманово или во Р.Србија.

По извршени службени проверки било утврдено дека лицето, во моментот на пријавување, веќе ја имало напуштено државата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2021 05:24