Во тетовскиот регион во текот на месецот јули 2021, полицајците во педесетина редовни и акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1756 различни видови неисправности, односно сообраќајни прекршоци или 1035 повеќе во споредба со истиот период лани, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

-При контролите на службениците од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 62 возила. Најмногу од исклучените возила (50) имале истечена регистрација над 30 дена, додека кај 12 возила била утврдена техничка неисправност. Во јули, исто така, од сообраќај биле исклучени и 336 возачи, од кои 168 управувале возило без возачка дозвола, 69 под дејство на алкохол, 69 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 22 со несоодветна категорија и 8 со важечка забрана за управување, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 43 возила, 83 возачки дозволи и 36 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-службата“ вкупно подигнала 105 непрописно паркирани возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2021 21:23