СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Б.(31) од Битола, полициски службеник, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 став 1 од Кривичниот законик.

-Пријавениот, во текот на 2020 и 2021 година, искористувајќи ја тешката имотна состојба на оштетените, а со цел за себе да прибави поголема имотна корист, склучил фиктивни договори за заем на парични средства, со несразмерна камата од околу 10 проценти, кои се заверени на нотар и се изготвени солемнизации со својство на извршна исправа, со што се стекнал со вкупна материјална корист од околу 397.700 денари само на име камати, информираат од МВР.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле одземени неколку договори за заем и договори за купопродажба на моторни возила, склучени со четири оштетени лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2021 23:04