Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Кисела Вода, Арачиново и Илинден, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 8:30 до 10 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Горно и Долно Свиларе, Општина Сарај. Во периодот од 8:30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Димитрие Чуповски“, „Методија Патчев“ бр.34, 36, 38 и 40, Општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Бујковци, Ајватовци, Бучинци, Бунарџик и Мршевци, Општина Илинден, како и корисниците од село Грушино, Општина Арачиново. Во периодот од 11 до 13 часот без напојување со електична енергија ќе остане објектот на фабриката „Кемет Електроникс“, Општина Илинден.