СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(41) и М.Н.(46) од Охрид и А.К.(25) с.Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 1 август годинава, службени лица од УЈП вршеле инспекциски надзор во угостителски објект на ул.„Партизанска“, при што констатирале прекршок според „Законот за регистрирање готовински плаќања“ и согласно тоа изготвиле платен налог според „Законот за прекршоци“.

Притоа, пријавените им ги одзеле службените документи на службените лица и ги оштетиле, а записникот и платниот налог ги искинале. Исто така, ги спречиле службените лица да го завршат инспекцискиот надзор.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2021 04:07