По брза интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје во Пржино попладнево спречено е ширење на пожар во кој изгоре барака. Повреден е соственикот кој се обидел да го гаси огнот.

Од Ппротивпожарната бригада на Град Скопје за МИА информираат дека интервенирале со шест возила и 18 пожарникари и оти пожарот веднаш бил изгасен со што се спречило огнот да биде префрлен кон околните куќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2021 22:31