На 20.08.2021 во 16.40 часот во населба Илинден, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба - Отсек потраги, го лишиле од слобода С.Ѓ.(42) од Скопје, затоа што се барал по потерница и судска наредба за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело по член 236 став 5 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2021 19:46