Денеска (21.08.2021) на подрачјето на СВР Тетово беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 73 возачи. Притоа, 21 возач возел со брзина од над 50 км/ч повеќе од дозволеното, а три возачи управувале возило со дури 70 км/ч над пропишаната.
Од нив 32 возачи ја пречекорил брзината во населено место, а 41 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.