Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(30), Б.К.(30), З.А.(35), Ш.Л.(26), сите од Дебар.

Тие, на 18.08.2021 година околу 22 часот, пред слаткара во Центар Жупа, го нарушиле јавниот ред и мир и, користејќи тврди предмети, физички ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа.

Истите се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Дебар.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2021 17:28