При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19, соопшти денеска Царинската управа.

Оттаму информираат дека на ГП Табановце вчера во 13 часот за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени три пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000 денари.

Стокaта е привремено одземенa со потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2021 18:28