Дел од корисниците од улицата „Томе Арсовски“ во Општина Кисела Вода од 8:30 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Јани Лукровски“ зграда бр.5 во Општина Гази Баба, од 9 до 12 часот корисниците на дел од населбата Стопански двор – Блага вода, како и дел од улиците „Георги Димитров“, „Локов“, „Козјак“, „Народни херои“, „Димо Хаџидимов“ и „Георги Димитров“, а од 8 до 9 часот, дел од корисниците од улиците „Востаничка“, „Виктор Иванович Григорович“, „Кара Трифун“ и „Рилски Конгрес“ во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 13 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Рилски Конгрес“, „Востаничка“, „Кара Трифун“ и „Виктор Иванович Григорович“ во Општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2021 01:46