Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, три за управување возило под дејство на алкохол, седум за возење без возачка дозвола, две за возач почетник, седум за некористење сигурносен појас, три за користење мобилен телефон, четири за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за прекршоци што ги чинат пешаците, две за непочитување на првенство на минување, три за минување на црвено светло, четири за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, 46 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2021 14:33