На 24.08.2021 на регионалниот пат Битола-Ресен кај место викано „Бимбил камен“, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода В.Ј.(51) од с.Дихово и К.И.(33) од Битола.
На местото, во близина на борова шума, тие запалиле оган, со што постапиле спротивно на член 288 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.