Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, две за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила, 16 за прекршоци што ги чинат пешаците, две за минување на црвено светло, 35 за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, 49 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2021 12:45