Како што денеска соопштија од МВР, на 24.08.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Кочани, судијка во Основен суд Кочани пријавила дека при извршување службени дејствија, А.С. агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од судскиот полицаец.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.