Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 9 за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила, четири за минување на црвено светло, 8 за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, 71 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2021 22:19